Живко Гошаревски досегашниот градоначалник на Ресен му ја честита победата на кандидатот на ВМРО ДПМНЕ Јован Тозиевски.
-Мои почитувани Преспанчани, мои сограѓани, ми беше огромна чест што претходниве четири години бев градоначалник на Општина Ресен.
Ви благодарам на вашата несебична поддршка, а зад нас оставаме проекти со кои ќе се гордееме .
На новиот градоначалник Јован Тозиевски му посакувам многу успех и секогаш општината да ја става пред се и над се..
Ресен и Преспа мора да бидат подобро место за живеење за сите, напиша Гошаревски