АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Во одбележувањето на Денот на ослободувањето на Битола, 4 Ноември, вчера, се вклучи и нашето Музичко училиште, со музички маратон што на задоволство на битолчани се одржа во возобновениот Офицерски дом. Учество зедоа повеќе ученици од основно и средно образование, застапени беа инструменталистите од сите класи на Државно музичко училиште.
-Секој гостин беше добредојде. Офицерскиот дом го посетија љубопитни граѓани и љубители на класичната музика. Можеше да се види вистинскиот сјај и гламурозност на Офицерскиот дом. Истиот, изгледаше уште пораскошен, исполнет со звуците на класичната музика која соодветствуваше на целиот амбиент, а така посетителите можеа да слушнат ретка акустичност која се создаваше низ слободниот простор. Радоста и среќата на нашите ученици и наставниот кадар беше нескриена. Повеќето ученици настапуваа во живо после подолг период во кој работеше онлајн и повеќето концерти и натпревари се одржуваа онлајн. Овој настан беше голем предизвик и потреба во ова тешко време за уметноста, за што сме благодарни на Општина Битола и раководството на Културно информативниот центар од Битола за можноста која ни ја пружија и се надеваме на следни взаемни соработки, велат од ДМУ во Битола
фото: Државно музичко училиште-Битола