АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Да се биде градоначалник на Битола и да се почитуваат вредностите на нејзината специфичност не е ни најмалку едноставна работа. Тое уште помалку е едноставно во амбинет на претходно искомпромитирано општество. Особено не е лесно ако си жена во држава која се уште се бори за родов баланс, рече во своето обраќање градоначалникчата во заминување Наташа Петровска, на вечерашната свеченост во Офицерски дом по повод Денот на ослободувањето на Битола, 4 Ноември. Запршана потоа од новинарите, колку е тешко да се биде жена градоначалник, таа додаде дека вреди да се живее доколку од сите тие ситуации извлечеме поука како општество.
-Дефинитивно не е лесно, но кога се нафаќате на ваква функција треба да го очекувате тоа, посебно ако претходно сте виделе дали и колку постои во нашето општество созреаност за родов баланс. Бевме сведоци во минатото на многу ситуации, го преживеав тоа, го прижевеаме сите како град и општество. Се надевам дека низата примери и ситуации кои се случуваа ќе не израснат сите нас, затоа што само така можеме да направиме нешто со што ќе имаме добар влез во иднината за нашите идни генерации, бидејќи ако имаме прогрес, тогаш вреди да се живее, рече Петровска
Низ видео презентација беа претставени проектите реалзирани во 4 годишниот мандат на градоначалничката Наташа Петровска
-Четирите години од 2017-2021 години од мојот живот кои со себе носат радости, таги, непроспиени ноќи, трепети од возбуда на разбудени насмевки и грижа за непресушните потреби да се сработи повеќе. Секоја нишка на дневната доза на дневната оптовареност постојано носеше чувство на одговорноста. Да се биде градоначалник на Битола, да се почитуваат вредностите на нејзината специфичност и воедно да се прават избори и постапаки кои ќе дадат печат на денеѓницата, знаејќи дека сето тоа влијае на судбината на многумина, не е ни најмалку едноставна работа. За да се живее со тоа, човек треба да живее за политиката а не од политиката, рече Петровска
И покрај сите предизвици, задолжена општина, години на пандемија, сепак Општина Битола е финасиски консолидирана
-Во овие 4 години во кои имаше 4 изјаснувања на граѓаните низ три избори и еден референдум, соочени со финансиска криза, успеавме финансиски да ја консолидираме општината, ги исплативме сите заостанати обврски на оштината и институциите под нејзина надлежност. Успеавме да градиме, реализирваме инфраструктурни зафати кои даваат нова слика на подобрување на многу делови од Битола, даваат слика на многу подобри услови во образовните институции, на јакнење на материјланиот и човечкиот потенција, на јавните претпријатија, на нови спортски услови, субјкети, на подбри резултати. Станавме општина која дава финансиска поддршка на државни институции, особено во состојба на пандемија. Битола го привлече вниманието на дипломатскиот кор и претставниците на меѓународните фондови, рече Петровска
Фотографиите се најдобар одговр на сите спинови и манипулации на социјалните мрежи
-Денес кога некои рекетираат и пишуваат што сакаат, кога преку социјалните мрежи криејќи се под плаштот на слободата на говорот, многумина се дрзнуваат на спинови и манипулации, најчест одговор за тоа што е направено и која е вистината, па дури и штитејќи се од сопствената субјективност во експресијата, се токму фотографиите, посочи градоначалничката во заминување Наташа Петровска
Петровска се заблагодари на сите кои ги препознаа чесните политики
-Сакам да се заблагодарам на сите мои пријатели и соработници кои ми даваа поддршка,а особено на моето семејство кое во изминатите 4 години живееше со далеку помало внимание од мене од она кое искрено го заслужува. Сакам да се заблагодарам на сите оние кои препознаа дека и овде кај нас можат да се водат чесни политики, политики за граѓаните, а не за себеси, политики во кои парите ќе бидат подредени на потребите на граѓаните, политки во кои парите можат наменски да се трошат, рече во своето обраќање Наташа Петровска.
Општината е без долгови, со обезбедени пари за доспеаните обврски
-Следниот градоначаник нема долгови, има пари за веќе изведените градежни ситуации, за исплата при нивно доспевање, има склучени договори за други нови зафати со исто така обезбедени пари. Во тек се јавни набавки за изработени проекти и обезбедени средства за имплементација. Она што за мене беше посебен императив е градењето на сосема нова општествена политичка култура, во која пред партизизраноста и политичката поделенсот се ставаат стручноста, посветеноста , принципиелноста. Токму за тоа постојат низа примерки кои за жал не можат да се претстават низ фотографии, за радоста на некои и несогласувањата на други. Но за мене као човек е доволна реалзиацијата на сите нив во која се дава шанса за созревање на свест со поинакви општествени стандарди во кои треба да се живее, рече Петровска.