2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

45 македонски државјани загинаа, меѓу кои 12 малолетни деца во автобуска несреќа во Бугарија

Ноември 23, 2021

45 македоснки државјани, меѓу кои и 12 малолетни деца,   загинаа во Бугарија откако се запалил патнички автобус со македонски регистарски таблички на бугарскиот автопат „Струма“, пренесе бугарската телевизија НОВА. 7 патници успеале да се спасат и  се хоспитализирани  во Софија. Сите се надвор од животна опасност, а  биле донесени во болницата три часа по несреќата, а за да се спасат ги кршеле прозорците од  автобусот и скокале преку нив, пренесуваат бугарските медиуми..

Трагичната несреќа се случила синоќа,  2 часа  по полноќ, коха автобусот, во кој 52 патници патувале од Истанбул кон Македонија  целосно изгорен. Стручните екипи од Бугарија  ги истражуваат причините за несреќата. И понатаму не е познато дали автобусот првично се судрил во заштитната автопатска ограда и се запалил, или пак огнот се јавил пред сообраќајната несреќа.

 

Премиерот Зоран Заев со членови на Владата веќе се во Софија  за  да ги посетат преживеаните лица кои се наоѓаат во болница.

„Со министерот за здравство Филипче и со министерот за надворешни работи Османи сме во Софија, за да ги посетиме повредените, да дознаеме повеќе за несреќата и причините за истата. Упатувам мое искрено сочувство до семејствата на починатите и им посакувам брзо закрепнување на повредените. Штом добиеме повеќе информации и штом осигураме како можеме да бидеме од помош на преживеаните, ќе следат соодветни институционални активности и дополнителни информации за јавноста“, напиша Заев. на на ФБ

Претседателот Стево Пендаровски вели дека очекува темелна истрага од надлежните.

„Очекувам надлежните да спроведат целосна истрага, да се утврдат причините и одговорноста за трагедијата, која не се памети во нашата понова историја. Во деновите на жалост што следуваат, посакувам мирен покој на душите на починатите и побрзо закрепнување на повредените“, објави Пендаровски 

Истрагата  треба да утврди дали причина за несреќата е грешка на возачот или пак се работи за техничка неисправност на автобусот.

 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани