2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

Пожарот во Ловечка куќа во полиција е пријавен вчера, еден ден откако објавија медиумите

Ноември 26, 2021

Пожарот во планинарскиот дом Ловечка куќа на Пелистер во полиција е пријавен вчера на 25 ноември, ден откако веста за пожарот се најде во голем број медиуми. Извршен е увид од СВР Битола, а известен е и јавен обвинител. Информацијата е објавена во денешниот билтен на МВР каде пишува

„На 25.11.2021 во СВР Битола било пријавено дека во периодот од 17.00 часот на 21.11.2021 до 09.00 часот на 24.11.2021 во Националниот парк „Пелистер“, во атар на место викано „Широка“, настанал пожар во планинарскиот дом „Ловечка куќа“. Од пожарот објектот целосно изгорел, а повредени лица нема. Увид извршила екипа од СВР Битола, а за настанот бил известен Јавен обвинител“ стои во полицискиот билтн.

Овој објект со години наназад беше сврталиште на планинари кои се искачуваа на врвот Антена. Ловечката куќа е изградена пред околу половина век и повеќе, на надморска височина од 1950 метри, на главниот пат за врвот Антена. Беше изградена со цел во неа да престојуваат вработените на пат кон пунктот на Македонската радиодифузија. Но, се користеше и од други посетители на планината, а според одредени информации последните години беше дадена под концерсија.

Ова е трет пожар на планинарските домови на Пeлистер. Во 1975 година до темел изгоре планинарскито дом на Големо Езеро, а по неколку години беше изграден нов објект во непосрдна близна. Пред 8 години пожар го пеплоса планинанрскиот дом на Копанки, а тој не е обновен до денес. Ловечка куќа, за жал, ја има истата судбина. 

Досега никој не одговарла за овие пожари во планинарските домови на Пелистер.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани