АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Преку соопштение што денес го објавија од ВМРО ДПМНЕ се пофалија дека нивните градоначалници само еден месец по локалните избори почнале да градат улици, водоводи, канализации, но и други капитални објекти. Во Битола, пак се пофалија дека и трибината на стадионот под Тумбе Кафе е при крај. Пренесуваме дел од соопштението што го лиферуваше денес партијата:
"По само еден месец, откако завршија локалните избори, граѓаните можат да ги видат промените и новиот пристап на работа од страна на градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ.
Започнаа со реализација на голем дел од ветените над 14 илјади проекти во програмите за локалните избори.
Граѓаните се сведоци на секојдневните активности на градоначалниците се со цел подобрување на условите за живот.
За само еден месец се започна со изградба и реконструкција на десетици улици и булевари, водоводни и канализациони мрежи, како и други капитални проекти кои се од голема важност за граѓаните.
Грижата за животната средина и намалувањето на загадувањето е еден од приоритетите за ВМРО-ДПМНЕ. Во секоја општина се чистат големите депонии, се посадуваат голем број на садници и се зголемува шумскиот фонд, додека општина Аеродром започна со монтирање на фотоволтаици во основните училишта и дел од градинките.
Долгогодишниот проблем со кои се соочуваа граѓаните, легализација на нивните домови, започна системски да се решава. Доделени се илјадници нови решенија за легализација во повеќето општини, како Кисела Вода, Гази Баба, Аеродром, Велес, Штип.
Во општина Битола при крај е изградба на трибината на фудбалскиот стадион „Под Тумбе кафе“, во општина Илинден во завршна фаза е новото основно училиште, додека во општина Аеродром се пушти во употреба целосно реконструиран спортски центар", се наведува во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.