Д-Р Гагачовска-Зградата на битолската болница стабилна, затворени неколку соби поради оштетување од земјотресот

Јануари 13, 2022

Неколку болнички соби кои беа оштетени од земјотресот се затворени од безбедносни причини, но зградата е стабилна и функционирањето во неа не е доведено во опасност, потврдува за Апла.мк, д-р Билјана Гагачовска директор на Клиничка болница Битола. 
-Во ЈЗУ Клиничка болница Битола евидентирани се посериозни оштетувања по серијата земјотреси во Битола. Во интерес на безбедноста на пациентите и персоналот донесена беше одлука да се затворат дел од капацитетите во одделението за Неврологија и дел од машкиот дел во Одделението за интерни болести односно да се затворат оштетените болнички соби. Превентивно оваа седмица беше откажан елективниот хируршки програм. Во вторникот се обративме до ИЗИИС и веќе вчера на увид за состојбата беше екипа од ИЗИИС и комисијата од Општината. Зградата е стабилна и функционирањето во неа не е доведено во опасност, изјави д-р Билјана Гагачовска директор на Клиничка болница Битола.

270183532 411996060715295 1295794298694841080 n

270185127 214764434205269 1977880056480130235 n

271390045 456552632680968 1177462900868554524 n

111

222

333

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани