АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Куќата на улицата „Питу Гули“ во Битола, која со години се распаѓа, земјотресот на 9 јануари само дополнително ја влоши состојбата. Сега е веќе опасност за околните жител и случајните минувачи, иако просторот е оградн со црвена лента како предупредување.
Жителите кои живеат таму испратија фотографија до редакцијата на апла.мк и велат дека еден од соседите сега се обидува да ги отстрани остатоците од срушениот балкон, кои можат да паднат на улица, на автомобил или минувач. Бараат надлежните да преземат мерки за да не се случи некоја незгода. На куќата е останат само преднито ѕид кој гледа на улица, додека остатокот е веќе срушен.
Вакви објекти во распаѓање низ Битола има на повеќе локации. Некои се напуштени од сопствениците, други пак пропаѓаат затоа што нивните наследници не можат да се договорат околу сопственоста.
Битолчани реагираат затоа што овие објекти го нагрдуваат градот, и бараат надлежните да најдат начин да се санираат овие објекти или да се санкционираат несовесните сопственици.