2win800x200

Груевски-Илиевска се обиде незаконски да формира Комисија за туризам на битолскиот Совет, па се повлече

Февруари 01, 2022

 

Битолскиот Сосвет се повлече од идејата за формирање на Комисија за туризам составена од членови на Советот и надворешни лица, идеја која  според опозицијата се тераше ,,незаконски “од страна на претседателката на Советот Габриела Илиевска и за која објави јавен конкурс. Илиевска без одлука на Совет, спроведе и објави јавен конкурс, во кој предвидуваше состав на комисијата од 9 члена, од кои пет членови на Советот, еден претставник на градоначалникот и три надворешни членови, потег кој од опозицијата беше оквалификуван како незаконски и нестатутарен.

Валентин Груевски, советник од ЛДП, на вчерашната седница обвини дека претседателката на своја рака, без да праша никој си распишала конкурс, никого не консултирала и истиот е незаконски и се кршат и статутот и деловникот на Битолскиот совет.

- Целокупниот процес е незаконски, нестатутарен, надвор од деловникот за работа на Советот на Општина Битола. Објавувањето на повик од страна на претседателот на Совет за оваа комисија е незаконска бидејќи никој не му дал право за тоа. Спротивно  е на член 48 од Законот за локална самоуправа.  Во ниедна комисија на Советот без разлика дали е постојана или повремена не можат да учествуваат надворешни членови, рече Груевски, додавајќи дека Советот треба да формира комисија но во согласност со статутот на Советот на Општина Битола.

-Ќе се формира комисија од 5 члена онака како што беше во претходниот Совет, од советници, а конкурсот ќе се почитува бидејќи се пријавија многу заинтересирани луѓе на истиот- изјави Габриела Илиевска.

По ова Груевски возврати „Искажувам задоволство од тоа што прифативте дека го згрешивте јавниот повик, и прифаќате дека Комисијата ќе биде од 5 члена онака како што јас ви предлагав, рече Груевски.

На крајот Советот избра петчлена комисија која е составена од советници.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани