АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Битола е меѓу градовите во земјава кои во последните две недели бележат намалување на инциденцата , односно број на потврдени позитивни случаи на 100 000 жители, пишува во извештајот на Институтот за јавно здравје.
„Регистрирана е зголемена инциденца во 30 градови во државата, а намалување на инциденцата во последните две недели се забележува во Крушево, Пробиштип, Прилеп, Охрид и Битола во однос на претходните 2 недели“, пишува во извештајот.
Бројот на активни случаи во Битола кој со недели беше над илјада, деновиве конечно падна под илјада, па до вчера имаше 869 пациенти кај кои болеста е во тек. Изинатата недела имаше 763 новозаболени, а во текот на минататите две недели 1678. Вкупниот број на заболени од појавата на пандемијата до денес во Битола е 12 804, а умреле дури 430 лица.