2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

Вработените и учениците од ООУ „Александар Турунџев”- Кукуречани спроведија акција на засадување на 150 садници лешници во училишниот двор. Садниците се донација од СОКОТЕРА ДООЕЛ- Битола, кои несебично ги прифаќаат и помагаат идеите на ова училиште.

„Со оглед на тоа што училиштето се наоѓа во рурална средина, овај проект е убава можност за учениците да реализираат и применат дел од наставата по биологија и природни науки. При процесот одгледување на лешници, учениците ќе научат и повеќе за животната средина и обновливите извори на енергија, ќе стекнат здрави навики кои наставниците сакаат  да ги всадат кај учениците уште од нивната најмала возраст“, рече директорката Бранка Лазаревска.садници 3


Во план се најразлични активности при одгледувањето на лешниците така што се очекува учениците да научат важни работи како: добра комуникација, способност за работа во тим, чувство на заедница, почитување на другите и нивното мислење, вештина на набљудување, отвореност, љубопитност, критичко размислување, трпеливост и флексибилност.


Училишниот двор зад училишната зграда, односно местото на кое што се посадија лешниците долги години беше неискористено и запоставено. Истото во март минатата година беше исчистено, оспособено и прилагодено за овоштарник. Во акцијата за чистење учествуваа и Стрежево, Нискоградба и Македонија пат со механизација и тоа: багери, гредери, липкери и камиони. Потоа беше спроведена акција во која вработените, родителите и учениците го доисчитија и доуредија училишниот двор.садници 2

садници 22

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани