АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Ведрата и насмеана Клаудија Кардинале која е гостинка на ИФФК „Браќа Манаки“ , по прес-конференцијата дојде во бавчата на хотелот Епинал и седна покрај аквариумите со риби. Додека уживаше во амбиентот забележа дека веднаш до неа има напис на кој пишуваше „Крап“на латаница на македонски и англиски јазик, па го зеде малото пано и почна да се забавува и да позира пред телефонот на нејзината придружничка.
Легендарната филмска дива Клаудија Кардинале попладнево пристигна во Битола, а таа допатува заедно со нејзината ќерка, која се вика исто како неа, Клаудија. Гостите ги пречекаа директорката на фестивалот, Гена Теодосиевска и уметничкиот директор Благоја Куновски Доре. Клаудија Кардинале вечерва ќе прошета по црвениот килима, а на свеченото отворање на Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“ ќе ѝ биде врачена наградатат златна „Камера 300“ за особен придонес во светската филмска уметност.
Големата италијанска и светска актерка, легендарната Клаудија Кардинале, како и оскаровецот Роџер Дикинс, денеска во попладневните часови пристигнаа во Македонија.
Клаудија Кардинале пристигна со својата ќерка, која се вика исто како неа, Клаудија и иако помалку уморна, таа на аеродромот во Скопје беше расположена, ведра и заинтересирана да ја запознае земјата која и’ оддава почест со наградата Специјална Златна камера 300 за особен придонес во светската кинематографија. Таа како вистинска филмска дива не покажа дека е заморена од патот, дозволи неколку фотографии веднаш по пристигнувањето.