2win800x200

Пожар избувна вечерва под тунелот кај обиколницата над Битола, а по пријавата на апла.мк противпожарната единица веднаш излезе на терен и се уште интервенира на опожареното место.

Со денешните активности завршува темелното чистење на депонијата на магистралниот пат А3 во делот на обиколницата над Битола. Состојбата во овој дел е комплетно променета, а отстранети се вкупно 2000 м³отпад. Покрај координираното делување на терен и спроведените активности со соодветна механизација од страна на јавните претпријатија, деновиве за дорасчистување рачно интервенираа и 10 вработени од ЈП Комуналец, соопштина од Општина Битола.

Реконструкцијата на обиколницата на магистралниот пат Прилеп-Битола-Ресен најрано може да заврши до Нова година, во зависност од временските услови, велат за апла.мк од Градежниот институт на Македонија кој е надзор на градежните активности, а работите ги изведува градежната фирма А.Д Илинден Струга.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани