2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

Реконструкцијата на обиколницата над Битола ќе заврши до Нова година!?

Октомври 18, 2018

Реконструкцијата на обиколницата на магистралниот пат Прилеп-Битола-Ресен најрано може да заврши до Нова година, во зависност од временските услови, велат за апла.мк од Градежниот институт на Македонија кој е надзор на градежните активности, а работите ги изведува градежната фирма А.Д Илинден Струга.

Од таму напоменуваат дека ако времето се задржи суво, со оглед на тоа дека забрзано се работи на реконструкцијата, обиколницата би можела да биде комплетно рехабилитирана до крајот на оваа година. Од ГИМ уште додаваат дека тоа ќе подразбере нов асфалт, чистење на мрежата за одводнување на патот, нови банкини и слично.

Реконструкцијата на патот на обиколницата започна пред повеќе од два месеци.  При последната посета на Битола, во септември, министерот  за транспорт  и врски Горан Сугарески најави дека патот ќе се реконструра 8 месеци, но сега од ГИМ велат дека работите течат забрзано и дека активностите за обнова на обиколницата ќе завршат многу порано.

 „Оваа инвестиција е околу 1,5 милиони евра, рокот е 8 месеци, но она што ме интересираше е дали активностите може да се изведат во пократок рок и оваа реконструкција да биде завршена. Надлежните не информираа дека согласно временските услови ќе направат напор да се заврши што побргу. Ги повикувам возачите на трпение, знам дека станува збор за многу битна локација и дека поголем дел од возилата ќе мора да одат низ Битола, но со ова се решаваат клучните работи околу оваа обиколница, која беше многу оштетена, најви тогаш министерот Сугаревски.

Во координација со Јавното претпријатие за државни патишта, пак, според најавите со посебен проект ќе бидат поставени звучни бариери на критичниот дел од патот каде има подигнато живеалишта на жители населбата Баир.

Забрзувањето на градежните работи на обиколницата е особено важно за битолчани бидејќи сообраќајот и транзитот на тешките товарни возила се врши низ неколку сообраќајници во градот, што дополнително го отежнува сообраќајот и безбедноста а влијае и на загадувањето на загадување на воздухот. Стравувањата се поголеми со почетокот на грејната сезона.  

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани