2win800x200

Во гаснењето на пожарот во Стрелиште учествуваа и жителите од оваа битолска населба. Тие се вклучија самоиницијативно и со помош на хидрантите од станбените згради пуштија противпожарни црева и го изгаснаа пожарот кој стигна до самите згради во населбата. Денес беше навистина ризично во Стрелиште. Десетина  пожари за само 3 часа гореа на различни локации низ населбата, а од противпожарната единица рекоа дека сите се подметнати. Во гаснењето учествуваше битолската пожарна, а пожарникарите вложија надчовечки напори да го спасат објектот каде има училиште и градинка. 

364535931 1534222453651185 8288654323466888420 n

АПЕЛ до граѓаните од СВР Битола 

 

Во периодот на започнување на првите подготовки за претстојната пролетна сеидба, кога има зголемена раздвиженост на нивите  и интензивно чистење на отпадоците, забележани се појави на палење на стрништа и сува вегетација (трева, жбунови и слично), најчесто без непосредна контрола со што се предизвикуваат несакани последици.

Токму затоа, Секторот за внатрешни работи Битола апелира до земјоделците, но и до сите други граѓани да бидат постојано внимателни ако се движат или работат во полето и посебно да не палат огнови, кои брзо можат да се прошират, особено ако времето е ветровито. Во спротивно ќе се соочат со ригорозни законски санкции, односно со соодветни поднесоци зависно од видот на пожарот и другите околности и последици.

 СВР Битола презема координирани превентивни и други мерки, навреме да се пресретнат можните причини за пожари, а во наредниот период ќе бидат засилени и планираните контролни активности на поширокото подрачје.

Црн чад се издига над Индустрискиот дел од градот, а миризба на изгорено се чувтсвува до централното градско подрачје.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани