2win800x200

Патници во километарски колони  возила со часови се загалвени на Плетвар поради  густ чад и намалена видливост од голем шумски пожар над  селата Тројаци и Топлица. Сообраќајот на патот  Прилеп-Росоман е во прекин  во двата правца од 15 часот и 40 минути информираат од Автомото сојузот.

Вчерашниот пожар во старата битолска чаршија уште еднаш на мегдан го изваде нашиот сеирџиски менталитет.

Пожар избувна попладнево на ридот над Стрежевска населба. Од Територијалната противпожарна единица велат дека нивните екипи се на терен, а испртено е и второ возило да интервенира. Тврдат дека нема опасност за околните куќи и дека огнот е под контрола. На ридот гори трева и нискостеблеста шума

На плац кај Буковски ливади, поточно на улица „Буковски Мост“ вчера сабајле околу 4 часот од засега непознати причини се запалил камион „Ивеко Стралис“ и две полуприколки со битолски регистарски ознаки, сопственост приватна на фирма. Од СВР Битола извршиле увид.

Во гаснењето на пожарот интервенирала битолската Противпожарна единица со две возила и неколку пожарникари. Од таму за Апла.мк  велат дека на истиот плац имало пет камиони, а оној кој се запалил не бил возен десетина дена. Со интернецијата спречиле пожарот да се рашири и врз другите камиони.

Се истражуваат причините за пожарот, а не е исклучена можноста да бил подметнат.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани