АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Вчерашниот пожар во старата битолска чаршија уште еднаш на мегдан го изваде нашиот сеирџиски менталитет.
Дури сопствениците, нивни пријатели и соседните дуќанџии качени на чатии заедно со пожарникарите се обидуваа да ги спасат дуќаните и стоката во нив, голем број граѓани стоеја на улица и гледаа што се случува, од долу дава инструкции, ги навредуваа луѓето што се бореа со пламените јазици, а поголем дел од нив сликаа и снимаа што се случува.
Во еден случај еден од „сликарите“ дури дрско им се обрати на новинарските екипи дека му пречеле при сликањето и снимањето.
Познато е дека овие фотографии ќе ги постават на социјалните мрежи, но која им е целта со која толку ревносно фотографираат навистина е непознато, освен што со некоја полу или сосема грешна информација, ќе направат комплетна забуна во информативниот простор. Друга приказна е што со нивното воајерство ги попречуваат во работата и професионалните пожарникари и медиумите.
Редакција „Апла“