АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Во 90 проценти од случаите на пожари како причина се појавува човечкиот фактор, изјави Александар Ангелевски, координатор на Кампањата за заштита од пожари на отворен простор што ја спроведува Дирекција за заштита и спасување. Караванот викнедов беше во Битола, на битолчани им се делеа флаери со совети како превентивно да дејствуваат за да не дојде до пожари, како да постапат доколу се најдат во така ситуација и каде да пријават.
„И деца имаме вклучени во оваа кампања, тие ги делеа брошурите со цел од најмала возраст да се развива свеста за заштита од пожари. За најмладата популација имаше проба на пумпа за гаснење пожар што се користи за време на шумски пожари. На ниво на општина Битола годинава имаше рекорден број на пожари, во март имаше многу пожари, но несомнено причина е човечкиот фактор за добар дел од тие пожари. Статистиките пожаруваат дека 90 проценти од пожарите се предизвикани од човечки фактор“, рече Ангелевски.
Како превентивни совети за да не дојде до пожари во брошурите што се делеа се посочуваат следните:
-Не фрлајте запалени цигари или остаток од отпушоци на отворен простор,
-Не палете скара на отворен простор и во блзина на шума,
-Не дозволувајте децата да си играат со запалки, пламен и жар,
- Избегнувајте да користите работи на отворено што можат да предизвикаат пожар,
-Не оставјте ѓубре во шума поради можноста од самозапалување,
- Не палете ги стрништата,
-Не палете пасишта и голини,
-Почитувајте ги наредбите на надлержните органи за забрана за палење оган на отворен простор во периодот на зголемени пожари и опасности,
-Почитувај ги знаците за збарана за пристап во области каде има голема опасност од пожари, и
-Имајте на ум дека почетниот пожар се гасне со една чаша вода.
Доколу забележите пожар јавете се на 193!