2win800x200

Изложба со невестински ковчези од Македонија поставена во Зеница

Август 05, 2019

Во Музејот на град Зеница во Босна деновиве е поставена изложбата „Невестински соништа“ на етнологот д-р Мери Стојанова, кустот советник во битолскиот Завод и музеј. Изложбата се состои од постери и пет копии сувенири на невестиснки ковчези од 19 и почетокот на 20 век во кои невестите го носеле својот чеиз.

„Ковчезите кои се користеле во руралните средини и каселите, кои се градски тип на ковчег, биле дел од невестинскиот чеиз. Покрај другите декоративни елементи на дел од градските касели со метални нитни се изведувале и иницијалите на брачните другари и годината кога стапувале во брак. Градските касели во внатрешноста се обложени со текстил поради заштита на фините материјали од кои се изработувале градските фустани. Кај невестите од руралните средини чеизот се состоел главно од памучни и волнени ткаенини, па ваквата заштита не била неопходна и тие не се обложувале со ткаенина“, вели Стојанова.

Во Заводот и музеј Битола зачувани се триесеина ковчези како значајни етнолошки експонати. Тие најчесто се изработувале од буково дрво, па опстанале до денес. На нив има украсни елементи работени со посебен алат како гербалка, чкобалка, пергел или пак со техника на исчукување. Се украсувале со геометриски фигури, цветови и други шари,. На еден од зачуваните касели пишува дека датира од 1886, а меѓу зачуваните ковчези има и еден еврејски.

„Кога се живеело во големи семејни заедници, целокупниот куќен инвентар бил заеднички освен каселата. Каселата била единствениот елемент во приватна сопственост на соодветната брачна двојка. Според некои информации кога ги правев истражувањата, за да нема кавги меѓу снаите во семејствата, се случувало свекрвата да ги чува клучевите од сите касели, така да имало една изрека каде што старите велеле ‘подобро да се расправам со клучевите отколку со луѓето’. Во нив освен облеката се чувал и накит, како и одредена сума на пари“, вели етнологот Стојанова.

Изложбата „Невестиснки соништа“ гостувала во Романија, Словенија, Полска и Србија, а сега во Зеница е поставена заедно со изложбата „Градски костими“ на етнологот Наде Геневска-Брачиќ од Битола.

Opera Snapshot 2019 08 05 104706 zemuzej.ba

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани