2win800x200

Приведен битолченец кој признал дека го предизвика пожарот кај бугарскиот културен центар "Ванчо Михајлов", објави министерот Спасовски

Јуни 07, 2022

Полицијата приведе 34 годишен битолаченец Л.А. кој признал дека го предизвикал пожарот  пред културниот центар Вначо Михајлов во Битола. веста пред малку ја објави министерот за внатрешени работи, Оливер Спасовски, на својот ФБ профил.

 

-Со задоволство можам да обзнанам брза и ефективна разрешница на случајот од пред три дена (04.06.2022) со кривично-правниот настан - пожар во центарот „Иван Михајлов“ во Битола, кој е веќе расчистен и имаме приведено лице кое го призна делото.  Се работеше деноноќно да се изнајде сторителот, се земаа предвид сите докази, а по извршените службени разговори во изминатите денови, вчеравечер, со судска наредба, беше извршен претрес на две локации кои ги користи Л.А.(34) од Битола, при што се пронајдени и одземени предмети поврзани со кривичното дело, по што лицето е лишено од слобода.  Уште еднаш покажавме дека единствената моќ што ја има секоја правна држава е моќта да го сузбие криминалот. И во овој сегмент нема „пардон“, нема заштитени лица – сите се еднакви пред лицето на законот, а секој којшто се огрешил - мора да одговара!, напиша Спасовски

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани