2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

Д-р Билјана Гагачовска, специјалист психијатар, е новиот ве-де директор на ЈЗУ Клиничка Болница Битола. Гагачовска доаѓа од редот на вработените како раководител на Одделението за ментално здравје на деца и млади при КББ,  и е добро позната на битолската јавност  заради нејзината успешна работа со деца и адолесценти.

Ротари клубот од Битола донираше неуробиофидбек апарат на Одделението за ментално здравје за деца и млади при ЈЗУ Клиничка болница Битола. За првпат се набавува ваков апарат, а здравствената услуга ќе биде фондовски покриена. Ќе се користи за третмани на когнитивните способности кај децата, но дава можности за третман и на многу анксиозно фобични болести, стравови, депресија, подобрување на мозочните способности по преживеани инциденти и трауми.

„ Апарат ЕЕГ дигитракнеурофидбек од полски производител, триканален, најнова верзија. Со овој апарат се осовременува третманот на децата со атипичен и типичен развој во нашата болница, покронкретно во Одделението за ментално здравје. Неуробиофидбекот е метода која ги подобрува когнитивните, професионалните и личните перформанси кај пацинетите. Најголем придонес има во подобрување на когнитивните способности, меморија, учење, мотивација посебно кај децата со невро-развојни нарушувања, односно аутизам, ментална попреченост , деца со хиперактивно растројство. Потоа служи и за третман на јазично –говорни проблеми“, рече Билјана Гагачовска специјалист психијатар, раководител на Оделение за ментално здравје на деца и млади при Битолската болница.vasko 2

Ова е уште една донација на Ротари клубот од Битола, кој и претходни пати имал хумани донации во Битолската болница.

„ Овој парат ќе помогнеме на одредена категоријан деца со попречен развој во унапредување на нивното здравје. Ротари клубот континуирано помага во општеството со одредени донации и прокети од најразличен тип, дали од медицина, образование, мир, во рамки на нашите можности. Сметаме дека оваа активност нема цена“, рече Васко Талевски од Ротари клубот –Битола.vasko 4

Ж.Здравковска

Страница 3 од 3

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани