АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Единствениот Поп-рок хор во Македонија – „Битвокс“, под раководсво на Марина Коруновска, на 8 април ќе одржи концерт под мотот "Со музика за музика"
Настанот е во соработка со Културно информативниот центар од Битола, а Korunovska music & singing најавува дека собраните средства ќе бидат наменети за збогатување на инструментариумот на Државното музичко училиште – Битола
Донаторските билети за првиот концерт на 8 април се распродадени за само три часа откако се пуштени во продажба, а од Korunovska music & singing велат дека датата за вториот концерт ќе ја објават наскоро.
Поп-рок хорот „Битвокс“ беше дел од настанот со кој РЕК-Битола го одбележа јубилејниот 40. роденден. Марина Коруновска заедно со Александра Ристовска и Михајло Трајковски и членовите на поп-рок хорот „Битвокс“ ја затворија свечената церемонија со која беше одбележан 40. роденден на РЕК-Битола пеејќи го најпрво хитот од Каролина Гочева „Ајде да летаме“, а потоа и симболично отпејувајќи ги песните „Чудесен свет“, „Stand by me“ и „Aquarius/Let the sunshine“. Хористите беа облечени во црна, сина и зелена боја, со симболика за јагленот (црна), термоелектраните (сина) и обновливите извори на енергија (зелена).