АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Бура од емоции предизвика настапот на Камерниот орекстера, хорот БитВокс и солисти на свечената академија во Центарот за култура во Битола по повод Денот на ослободувањето на градот, 4 Ноември.
Хорот исполнувајќи ја песната „Stand up“ од филмскиот мјузикл „Хариет“, се упати на сцената движејќи се по скалите, меѓу публиката. Хористите се придружија на Камерниот оркестар и солистите и заедно со исклучителен настап направија прекрасна атмосфера.
Градоначалникот Тони Коњановски, концертот го најави како подарок за роденденот на градот.
Апла.мк со видео и фото ви пренесува дел од оваа свечена атмосфера во Центарот за култруа.
Текст:Емилија Мисирлиевски
Фото и видео: Жанета Здравковска