2win800x200

Падна канделабра поставена неодмана на улицта „Рузвелтова“  пред Поштата која за среќа не повреди никој од минувачите, ниту пак предизвика друга  штета. Од Општина Битола информираат дека  реконтструкицијата на улицата „Рузвелтова“ е с еуште во тек, поради што изведувачот  не ја  предал на Општината. 

„Се до официјалното примање на oбјектот, за тековната состојба на терен одговорноста ја носи изведувачот, се наведува  во соопштението од Општина Битола од каде најавуваат дека ќе ги преземат сите законски чекори што им се на распоалгање.

„По однос на денешниот настан на ул. „Рузвелтова“, општината ќе ги преземе сите потребни законски чекори. Веќе е побарана одговорност и образложение од изведувачот на осветлението, за несоодветната прицврстеност на канделабрите.Општина Битола апелира до изведувачите дека во ниту еден  случај при изведување на градежните работи, не смее да биде загрозена безбедноста на граѓаните“, се наведува во соопштението од Општина Битола.

За настанот се огласи и градоначалничката Наташа Петровска.

 „Почитувани, за да нема шпекулации, сакам да кажам дека изведувањето на уличното осветлување на „Рузвелтова“  не е завршено и не е предадено на Општина Битола. По контактот со надзорниот орган за денешниот настан информирана сум дека дал свои забелешки и изведувачот бил должен да постапи. Недвојбено како градоначалник ќе ги превземам сите чекори за утврдување на одговорност, напиша на ФБ градоначалнилката Петровска

По неколку месечна истрага, Оделот за сузбивање органзиран криминал на МВР во координација со битолската и тетовската полиција, денеска  спроведе координирана полициска акција при што сузбиена е осумчлена организирана криминална група, која подолг временски период нелегалн тргувала со артефакти. била инволвирана во вршење на кривични дела од областа на недозволена трговија со културни добра.

Една доза вакцина против КОВИД-19  примиле 47.014 граѓани на Општина Битола или 57,5 проценти од населението над 18 годишна возраст, додека две дози примиле 43.666 граѓани. Во Преспаснко-Пелагонискиот Регион, само Ресен е пред Битола со вакцинирани 59,3 проценти, а потоа се Крушево со 54,2 %, Демир Хисар со 51,4 проценти.  Во Прилеп прва доза примиле 51,1 отсто од граѓаните над 18 години. Овие градови во Преспаснко-Пелагонискиот регион се над државниот процент на вакцинирано население, односно заклучно со 26 септември, со една доза на вакцина против Ковид 19 вакцинирани се 46,9% од населението над 18 годишна возраст. Кај лицата над 40 годишна возраст опфатот со една доза изнесува 55%, кај лицата помеѓу 18-39 години опфатот со една доза на вакцина изнесува 31%.

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа:

Горан Милевски синоќа ја достави  кандидатура за градоначалник на Битола  во централата на партијата. Денес, овластениот претставник на "Движењето ОДЛУЧНО ЗА ПРОМЕНИ" до општинската изборна комисија ќе ги достави потребните документи, како за градоначалник, така и за советничка листа на Битола. 

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани