АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Младиот музички талент Божидар Николовски од Битола објави видео на кое го пее незаборавниот хит на Џина Папас Џокси „На Велигден сум се заљубил“. Песна е посветена на љубовта за Велигденските празници. Божидар под видео материјалот напиша „Велигден не е Велигден без оваа песна... Ама вљубувајте се после короната“.
Има само 18 години, неколкумесечно музичко искуство, а веќе се закити со две награди на неодамна одржаниот фестивал во Охрид „Канео фест“. Битолчанецот Божидар Николовски, како дебитант, за неговата прва песна „Да си моја“ на оваа музчка манифестација ја понесе втората награда од жирито и наградата за најдобар аранжман. Комплетен автор на наградената композиција е Мими Марковски.