2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

Денес се одржа четвртата работилница за изработка на студии за влезна документација за Генерален урбанистички план (ГУП) на град Битола, организирана во склоп на проектот „БАИР-Здружена акција на Битола за вклучување на Ромите“. На неа експерти од Архитектонскиот факултет од Скопје ги презентираа  седумте влезни студии за изработка на новиот ГУП. Беше кажано дека Битола има застарен Генерален урбанистички план (ГУП) кој не е обновен 25 години и не ги задоволува современите урбанистички потреби на градот и затоа е неопходно што поскоро да се исработио нов ГУП.

„Ова е процес кој требаше многу одамна да започне. Преходниот ГУП има повеќе од 20 години, а се работи за стратешки документ кој ја определува иднината и начинот на развој на градот и општината. По ова ќе следи Стратегијата за одржлив развој на Битола која треба да ги даде главните насоки по кои општината и градот би се развивале и треба да обезбеди одржлива и подобра иднина за Битола“, рече Огнен Марина, декан на Архитектонскиот факултет.

48a657a0 ade9 4bad b85b 03618ba97e43

Според Ансатасија Тарјковска, национален урабан експерт, не може да се планира развој на Битола со проекции предвидени пред 25 години во стариот ГУП од 1999 година.

„Стариот Генерален уребнистички план и и неговите измени и дополнувања веќе го поминале својот плански период од 10 години, па ова беше крајно време да се препознае важноста за нов ГУП. Долго време се надминати програмските определби на овој план и време е да донесиме нови развојни визии. Бројот на жители, миграциските движења економските, социјалните и културните потреби, сите тие основни функции кои чинат одржливост на еден град се драстично променети во овој период од 20 -30 години од кога беше направена проекцијата на претходниот град. Ние не можеме да планиораме развој на градот со предвидени проекции од пред 30 години, условите се целосно сменети“, рече Трајковска.

Општина Битола веќе ја има отпочнати активности за изработка на новиот ГУП, а градоначалникот Тони Коњановски рече дека ова прашање е многу значајно за градот аи со ГУП-от ќе бидат опфатени сите можни аспекти на градот кои ќе одговараат на современите потреби и ќе бидат во согласност со законската регулатива.

„На оваа работилница сите засегнати страни ќе дадат свое мислење и заклучоци со цел добвање на квалитетна документација за урбанистичките плановио“, рече Коњановски

1fd00e78 29f4 473e b941 1cefa4cbadea

Преку проектот „Баир здружена акција за вклучување на Ромите“, во чии рамки се одржа и денешната работилница, се подготвуваат и три детални урбанистричлки планови за поврзшина од 30 хектари од населбата Баир.

„Населбата каде живее доминантен дел од ромаското население во Битола нема детален урбанистички план од 1998 година што значи дека повеќе од 2 децении не е опфатена во урбанистичките рамки. За да може проектот да влијае врз урбаната компонента , на инфраструктурата, домувањето и урбанизмот во наделба Баир мора да се преземат вакви чекори. Тоа ќе значи равзој на ромската заедница, подобрување на условите и квалитетот на животот. Со тоа што разботиме на ГУП ќе се опфати цел тој дел, а со урбанистричките планови е опфатена една половина од целосната површина на населбата Баир“, рече Климентина Ѓоргиоска, проектен менаџер на „Баир здружена акција за вклучување на Ромите“.

Битола има застарен Генерален урбанистички план (ГУП) кој не е обновен 23 години и не ги задоволува современите урбанистички потреби на градот. Недостига смирување на сообраќајниот метеж преку воведување еднонасочни сообраќајници, поради неплански градби невозможно е проширување на улиците, околните ридови кои некогаш беа рекреативни зони сега се преполни дивиградби, градот се празни, а згради никнуваат на секој чекор… Архитектите критикуваат дека стариот ГУП не може да понуди визија за понатамошен урбанистички равој на Битола.

 

„Тоа што не е донесен ГУП се одразува многу негативно, бидејќи прво со донесување закон за легализација на дивоградбите се потикнува дивото градење. Градот се проширува, се гради неплански, што има влијание врз квалитетот на живот. Не се добро проектирани, односно предвидени инфраструктурните инсталации, водовод, канализација и останатите, а со новите непланирани приклучоци се раскопуваат улиците за кои треба санација. Градот сообраќајно се решава парцијално без плански одредби или застарени, според некогашните правила и прописи. Тие што градат дивоградби не плаќаат комунални давачки кои се користат за изградба на нови улици. Не може да се понудат решенија за проширувањето на границите на градското подрачје, односно на каде ќе се развива градот“, велат архитекти од Битола.

 

Од Општината најавија дека годинава ќе почнат постапката за изработка на нов ГУП. Велат, актуелниот е работен врз анализи кои не кореспондираат со времето во кое се применува, поточно 20 години подоцна. Тој е димензиониран за демографска состојба, соообраќајни потреби, сопственички односи, стандарди на живеење различни од денешните.

 

„Актуелниот ГУП се темели на регулатива, стандарди и нормативи за урбанистичко планирање неприменливи во современ контекст. Основниот развоен документ на градот е во голем расчекор со целите за одржлив развој и останатите глобални развојни документи во сферата на урбанистичкото планирање’’, соопштија од Општината.

На прашањето кога ќе биде донесен, од Општината велат дека динамиката ќе биде согласно законската регулатива. Од Јавното претпријатие за урбанистичко планирање неодамна соопштија дека главна активност во тековната година ќе биде нацрт фазата за изработка на ГУП-от.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани