АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Заврши реконструкцијата на првата делница од улицата „Илинденска“ во должина 200 метри, покрај Еврејските гробишта, соопштија од Општина Битола.
Градоначалничката на Општина Битола Наташа Петровска изврши увид во теренските активности, а од страна на изведувачите и надлежните лица од Општината за овој проект, беше информирана дека асфалтирањето ќе биде изведувано по делници, онака како што се комплетираат сите активности.
Целосната конструкција на улицата „Илинденска“ во Битола во должина од 2131 метар е инвестиција во вредност од околу 1 милион евра, од кои 530.000 евра општински средства. ЈКП „Водовод“ е задолжен за изведба водоводните приклучоци во висина од 3,6 милиони денари, КЈП „Нискоградба“ за канализационите приклучоци во вредност од 6,9 милиони денари, додека коловозот е во висина од 22 милиони денари.
Во тек е реконструкцијата на улица „Илинденска“ на потегот од улицата „Наум Наумовски Борче“ до „7 Јули“, претходно се работеше и на други два потега од една од најдолгите и најфреквентни сообраќајници во Битола. Улицата е долга 2,1 километр, а санацијата на оваа улица ќе ја опфати примарната и секундараната канализациона, водоводна мрежа и коловозот, а вакви темелни зафати на оваа сообраќајница не се спроведени повќе од 40 години. Од општинскиот буџет издвоени се со 32,7 милиони денари или над 500 илјади евра.
Започа реконструкцијата на улицата „Илинденска“ во Битола во должина 2,1 километри , која ќе се спроведе во три фази. Санацијата на оваа улица ќе ја опфати примарната и секундараната канаизациона и водоводна мрежа и коловозот, а вакви темелни зафати на оваа сообраќајница не се спроведени повќе од 40 години. Од општинскиот буџет издвоени се со 32,7 милиони денари или над 500 илјади евра.
Смок долг околу два метра денес бил забележан на улицата „Илинденска“ во Битола во близина на населбата Ушици. Смокот го виделе и фотографирале група деца кои си играле на улица. Раскажуваат дека змијата лазела низ улицата кога поминало возило и ја прегазило. Во близина на местото каде се појави змијата има паркче каде често пати си играт деца.
Прегазен смок денес бил забележан и во месноста кај Симпо во Битола. Овие змии не се отровни. Во април пак, битолчани видоа змија како лази по ѕидот од коритото на реката Драгор во близина на Безистенот.
Според развојниот буџет на Општина Битола, објавен на општинската интернет страница, годинава се планира реконструкција на улицата „Илинденска“ во Битола. Во 2019 од буџетот за оваа намена се предвидени 18 милиони денари, а за 2020 година над 9,5 милиони денари..