АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Според развојниот буџет на Општина Битола, објавен на општинската интернет страница, годинава се планира реконструкција на улицата „Илинденска“ во Битола. Во 2019 од буџетот за оваа намена се предвидени 18 милиони денари, а за 2020 година над 9,5 милиони денари..
Реконструкција на улицата требаше да започне уште минатата година кога беа одобрени средства од Министерството за транспорт во делот на канализација и водоводна инфраструктура, а Општината да издвои средства за коловозот. Но, бидејќи во Министерството имаше ситуации на избор на ревидент на тендерски постапки кои завршија подоцна, тоа се имплицираше врз изведбените активности. Така, годинава се очекува да започне реконструкцијата на улицата, чии жители со години не паметат пообемен зафат.