2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

Висока загаденост на воздухот, Општина Битола излезе со препораки

Јануари 18, 2019

Два дена со ред висока загаденост на воздухот во Битола со ПМ 10 честички измериле мерните станици во центарот и периферијата на градот. Највисоки вредности биле регистрирани во текот на вчерашниот ден кога во централното градско подрачје загаденоста била повеќе од пет пати над дозволените среднодневни количини.

 

Според податоците од мерните станици што денес до медиумите преку соопштение ги испрати Општина Битола , завчера на 16 јануари, мерната станица во центарот на градот измерила присуство на суспендирана прашина од 175,915 микрограми на метар кубен, а дозволени се до 50 што значи пречекорување за три и пол пати.

Вчера на 17 јануари, истата мерна станица покажала вредности од 266, 926 микро грами на метар кубен што е пет и повеќе пати над дозволените гранични вредности. На периферијата од градот загадувањето со ПМ 10 честички во изминатите два дена било за два до три пати над дозволеното.

Бидејќи надминувањата се во континуитет два дена, Оштина Битола денес апелираше до граѓаните да ги следат препораките од Министерството за животна средина:

  • да се користи јавниот превоз
  • возилата да не се користат без поголема потреба
  • повеќе лица да се возат во едно возило во исто време
  • да не се користи за затоплување на простории прегорено отпадно масло, лакирани или обоени отпадоци од дрво и мебел, стиропор, ПЕТ амбалажа , парчиња гума или било кој друг синтатички материјал
  • правилно да се користат печките на дрва

Министерството за здравство и Институтот за јавно здравје ги дава следните препораки:

  • да се ограничи движењето и активностите на отворен простор на најранливата популација (деца, стари лица,болни од хронични болести на белодробниот и срцево садовен систем, со посебен ризик за болните од белодробна астма), но и за лицата кои својот професионален ангажман го обавуваат на отворен простор во загадените зони на градот.
  • покрај ова, се препорачува земање на витамини (антиоксиданси), главно преку исхраната (свеж сезонски зеленчук и овошје), по потреба и додатоци односно суплементи .
  • хронично болните лица редовно да ја земаат препишаната терапија од матичните лекари и да се придржуваат до препорачаниот диететски режим со намален внес на масна и солена храна.

И денес мерните станици покажуваат многу високо загадување со ПМ 10 и 2,5 честички на воздухот во Битола. Во 11 часот во центарот на Битола беа измерени 282 микрограми на метар кубен суспендирани честички. Но, не само Битола се соочува со ваков поблем. Дозволениот праг на ПМ 10 честички денес е надминат и на други места, и тоа на две мерни места во Скопје (Бутел и Ректорат), како и на мерните места во Кичево, Струмица, Тетово и Кавадарци.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани