АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Медиумската писменост е интелектуална слобода, истакна проф. д-р Марјан Танушевски, новинар на МИА, на денешниот Прес-Агол што се одржа во Бизнис академија Смилевски, а во рамки на манифестациите Денови на медиумска писменост.
Вчера во посета на НУ Библиотека „ Григор Прличев“ во Охрид беше проф. д-р Марјан Танушевски, новинар-публицист од Битола. На средбата со директорот Библиотека м-р Милчо Јованоски, Танушевски се интересираше за развојот на установата , како и за новите библиотекарски трендови.
Директорот Јовановски го изрази задоволството од посетата на д-р Танушевски, негов колега, новинар и публицист и кажа дека Библиотека се стреми да ја продлабочи соработката со научната и стручна фела во интерес на консументите – читателите и збогатувањето на одделот и фондот за стручна литература со што од ден во ден се збогатува и наша понуда.
Танушевски, освен со новинарство, се занимава и со научно-истражувачка и публицистичка дејност и е избран надворешен соработник на Академијата на науките и уметностите на Босна и Херцеговина, АНУБИХ – Сараево и избран вонреден професор на Бизнис-академијата Смилевски, БАС – Скопје.
Проф. д-р Танушевски е автор на 11 книги, 1 аудиокнига, 1 монографија, а приредил и 1 самостојна изложба на документи и фотографии со наслов „Наши години“.
Во професионалната кариера е наградуван со: Гран при награда – „Денови на Македонско радио“, Струга (1997), прва награда, „Документарна програма“- „Денови на Македонско радио“ (1997), плакета на МНД – Битола за афирмација на научната мисла (2010), новинар на годината, „Битолски весник“ (2011), Претседателски медал LCI „Европа форум Скопје“ (2018), Кристална коцка, за развој и афирмација на Македонско научно друштво – Битола (2020).
Со донацијата на д-р Танушевски, во НУ Библиотека „Григор Прличев“ во Охрид ќе може да се изнајмат и прочитаат следните негови авторски дела:
„Битолски хорологион“ (2021)
Монографија „60 години ДНУ/МНД – Битола 1960 – 2020“, (2020)
„Лобирање во културата, Конзулската дипломатија во Битола“, (2018)
„Нов практичен водич за лобирање“, (2016)
Преземено од bibliotekaohrid.mk
Manual for Transparent Lobbying of the Civil Organizations, (2014)
„Прирачник за транспарентно лобирање на граѓанските организации“, (2014)
„Лобирање во локалната самоуправа“ (2009)
НУ Библиотека
Во пресрет на 25-ти април, Денот на основањето на ДНУ/МНД-Битола, Македонско научно друштво-Битола на јавноста и презентира изложба на фотографии и документи – „Наши години“. Изложбата е поместена во Фоаје на НУ Центар за култура-Битола и ќе биде отворена до 5-ти мај.