2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

Покај тоа што кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за градоначаник во Битола е доктор, епидемиологот Тони Коњановски, уште двајца лекари специјалисти застануваат на листата со кандидати за советници на коалицијата „За обнова на Македонија“. Тоа се Ненси Лозначе субспецијалист кардиолог и Михајло Вангелов специјалист гинеколог во Клиничка болница Битола.

Партијата ги објави имињата на 31 кандидат за советници, а листата ја предводи лидерот на ОК на ВМРО-ДПМНЕ во Битола Пеце Милевски, кој веќе има советничко искуство зашто во претходниот мандат на битолскиот Совет беше советник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ. Тој на фб објави дека понудата е доследна на принципите за чесност, посветеност, професионалност, познавање на функционирањето на локалната самоуправа.

„Постојано сме во непосредни контакти со граѓаните , отворени за соработка и ветуваме такви ќе останеме. Имаме приоритети еден од нив е да ги промениме правилата во кои живееме и системот кој генерации на луѓе претходно разочарал“, напиша Милевски.

На листата е и поранешната директорка на Старскиот дом „Сју Рајдер“ од Битола, Марица Тодоровска, претседател на Унијата на жени од Битола, Бојан Бојкоски, кој беше кандидат за пратеник на последните парламентарни избори, потоа Викторија Христовска советничка во два мандати од оваа партија.

На листата ги нема досегашниот координатор на советниците од ВМРО-ДПМНЕ и коалиционите партнери Иванчо Тошевски, поранешен лидер на локалниот огранок на партијата во Битола, потоа Борче Димитровски, долгогодишен советник и исто така екс локален лидер, па Николче Јанкуловски од ПОДЕМ на чие место сега е кандидатот Златко Лозановски..

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани