АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Иако во повеќето училишта учебната година на први октомври ќе почне без физичко присуство на учениците, училиштата во Општина Битола значително ги подобрија условите за настава. Во градот нема училиште каде во изминатиот период не се изведуваа реконструктивни зафати. Се санираа тоалети, покриви, фасади, се обновуваа спортските терени, се менуваа врати и прозорци, се попрваа, тавани, кабинети... Според податоци од Општината, во инстраструктурни зафати оваа локална власт во 11 основни и 5 средни училишта за три години вложи 13 291 930 денари или 221 532 евра.