АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Слаб југозападен ветар, зголемување на облачноста во текот на оваа ноќ и врнежи од дожд утре најавуваат метеоролозите. Во Битола се очекува минимална температура од -2 степени, а максимална до 11 степени.
В недела , врнежите од дожд ќе преминат во врнежи од снег на повисоките места и планините во западните делови од земјата, а се очекува границата на снежни врнежи да се спушти и до 500 м.н.в
Битолчани кои ова утро патуваат за Скопје објавуваат на фејсбук слики од состојбата на автопатот, пишувајќи дека има снег на Плетвар , а песок е фрлен само на коловозот од страната на Прилеп.
-После многу години „Македонија пат“ не се изненадени од снегот туку само полуизненадени- коментираат битолските возачи.
Падна првиот снег на Пелистер оваа сезона.