2win800x200

Битолчанката Снежана  Мицкоска, дипломирана медицинска сестра вработена на Интерното одделение во Битолската клиничка болница доби пофални зборови и големо благодарност за нејзината пожртвуваност во борбата со коронавирусот токму од излекувани пацинти од Скопје. Весна од Скопје раскажувајќи го своето искуство со болеста КОВИД-19 вели дека медицински сестри трчаа во скафандери на 40 степени додека мајка и се борела за живот, наведувајќи дека е презадоволна од работата на лекарите, медицинските сестри и персоналот на ГОБ „8 Септември“, каде нашата Снежана од 10 јули беше испратена од Клиничката болница во Битола заедно со уште две медицински сестри , според системот ротација да помагаат во ковид центарот во Скопје. 

Главната медицинска сестра на Клиничката болница во Битола Радмила Бајовска вели дека е горда на својот медицински кадар и на заложбите на сите медицински сестри кои досега беа дел од тимовите на ковид центарот ГОБ „8 Септември“ во Скопје.

-На заминување, во 5 и 30 часот, рано утрото кога се испраќавме им реков-Покажете се во најдоброто светло, а нивниот одговор беше поинаку и не знаеме. Тоа е доказ за нашиот професионализам, нашата пожртвуваност во борбата со вирусот, вели Бајовска за Апла.мк.

Министерот Венко Филипче на својот Фејсбук профил го објави сведочењето на пацинетката Весна која несебично искажа благодарност за нашата Снежана.   „Медицинските сестри трчаа во скафандери на 40 степени ноќта кога мајка ми се бореше со живот или смрт. Презадоволна сум од лекарите, медицинските сестри, болничарките и хигиеничарките во ГОБ „8 Септември“. Достапни беа во секое време. Благодарност до сестра Наташа од Скопје и сестра Снежана од Битола. Таква несебична помош дадоа, немам зборови за грижата кон мене и мајка ми која има 81 година и е дијабетичар веќе 30 години. Тоа што ме мотивираше да издржам овие денови е желбата за живот, моето семејство и ќерката Мила која е во изолација 15 денови сама дома. Апелирам да носиме заштитни маски, да држиме растојание и хигиена за да се заштитиме од коронавирусот“, вели Весна. Таа, денеска заедно со мајка и Убавка, заминaa дома по 20 дена хоспитализација и лекување од ковид-19 во Градската општа болница „8 Септември“

5362296cd420f51cb9d648fb3915ede6 XL

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани