2win800x200

Онаа народната „Лежи, лебу, да те јадам“ наголемо, надолго и нашироко се практикува во битолскиот Совет.

Управата за јавни приходи ја  продолжува кампањата со која ги анимира граѓаните да ја исполнат  својата законска обврска електронски да се регистрираат во системот е-персонален данок на доход  во УЈП, најдоцна до 31 декември годинава. Членовите на Советот на Општина Битола денеска со помош на мобилен тим од Регионалната дирекција на УЈП во Битола се регистрираа на e-pdd.ujp.gov.mk, како дел од оваа кампања.

Жестока расправа во битолскиот Совет денеска предизвикаа измените на одлуката и дополнувањето тарифата за општински линиски превоз донесени во 2012 и 2015 година. Општината треба да спроведе постапка за јавна набавка за превоз на ученици кои имаат право на бесплатен превоз, а ќе ги користат линиите од општинскиот линиски превоз. Опозицијата обвини дека власта само се обидува да ја замајува јавноста, затоа што ништо не се менува, а цените за превозот остануваат исти.

Мислејќи дека сака да и’ го одземе зборот од советничката говорница, денеска на седницата на Совет жестоко реагираше  независната советничка Габриела Илиевска, барајќи од Валентин Груевски, да се определи дали е претседател  на  Советот или советник.

-Не можете да ми го земите зборот, значи ми упаѓате! Колега Груевски, вие сте претседател на Совет изигрувате овде и советник и претседател . Ако не, ставете друг претседател, бидете советник, па ќе се расправаме. Не можи на сред збор да ми кажувате, не можи, рече на повисок тон Илиевска, пред да разбере дека претседателот Груевски,  кога и побарал минута пауза сакал само да го предупреди советникот на СДСМ , Борче Корлевски да не и упаѓа на Илиевска во говорот од место и да не и пречи во дискусијата, зошто тоа не е деловнички, ни пак статутарно.

-Значи не мора да викате толку, и  рече Груевски на Илиевска, а таа веднаш го праша – А како да викам?

Предлог буџетот за 2018 година ќе се најде на дневен ред на 7-та седница на Советото на Општина Битола во среда на 27 декември. Пред советниците ќе биде и предлог одлуката за извршување на буџетот, буџетскиот календар, како и програмата за работа на општинскиот Совет за 2018 година. 

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани