2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

Габриела Илиевска го обвини Валентин Груевски дека изигрува и претседател на Совет и советник

Март 28, 2018

Мислејќи дека сака да и’ го одземе зборот од советничката говорница, денеска на седницата на Совет жестоко реагираше  независната советничка Габриела Илиевска, барајќи од Валентин Груевски, да се определи дали е претседател  на  Советот или советник.

-Не можете да ми го земите зборот, значи ми упаѓате! Колега Груевски, вие сте претседател на Совет изигрувате овде и советник и претседател . Ако не, ставете друг претседател, бидете советник, па ќе се расправаме. Не можи на сред збор да ми кажувате, не можи, рече на повисок тон Илиевска, пред да разбере дека претседателот Груевски,  кога и побарал минута пауза сакал само да го предупреди советникот на СДСМ , Борче Корлевски да не и упаѓа на Илиевска во говорот од место и да не и пречи во дискусијата, зошто тоа не е деловнички, ни пак статутарно.

-Значи не мора да викате толку, и  рече Груевски на Илиевска, а таа веднаш го праша – А како да викам?

 

-Значи, нека не ве фаќа паника. Сакав да го предупредам  Корлевски да не се  меша од место, рече Груевски.  

-Мене ме фаќа паника? –рече  Илиевска и продолжи дека е научена на вакви коментари од место од советниците.

-Нека зборува ич не ми е став, што сака нека зборува, научена сум. Претходно ми зборуваше Игор Хаџиевски, сега тој нека ми зборува, рече Илиевска.  

Претседателот Груевски и накрај откако Илиевска го заврши говорот и објасни дека „сакал да ја одбрани“ на што таа од место дофрли „ благодарам на одбраната нема потреба“.  

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани