АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Од 120 извршени контроли во дводневната акција на инспекторите на УЈП на територијата на Регионалната дирекција во Битола кај 41 даночен обврзник се утврдени неправилности. Само во Битола од 55 контроли кај 10 се констатирани неправилности. Како што информираат од УЈП, инспекторите контролираа дали за основните продукти за исхрана се пресметува ДДВ со 0 или со 5 %. Низ целата држава беа направени вкупно 611 контроли од кои кај 114 обврзници се утврдени неправилности
Првото место на листата на граѓани кои оставриле највисок годишен бруто доход за 2019 во државата, припадна на граѓанин на Битола, кој пријавил 211 милиони денари или 3,5 милиони евра.
Управата за јавни приходи ги информира граѓаните дека на 31.05.2019 истекува рокот за увид во претпополнетата Годишна даночна пријава за 2018 година.
Заклучно со овој рок даночните обврзници кои се регистрирани на системот е-Персонален данок преку своите кориснички профили имаат можност да го менуваат статусот на пријавата, односно да ја потврдат или да ја коригираат.
По истекот на законскиот рок на 01.06.2019 Годишните даночни пријави ќе добијат статус на конечни даночни пријави, согласно последниот статус на Годишната даночна пријава – потврдена или коригирана.
На 01.06.2019 службено ќе бидат потврдени и Годишните даночни пријави коишто од страна на граѓаните не се ниту потврдени или коригирани.
Годишната даночна пријава којашто граѓанинот ја коригирал, а добила статус на конечна даночна пријава ќе треба да биде одобрена од службено лице на Управата за јавни приходи.
Доколку службеното лице не ја одобри коригираната даночна пријава ќе се донесе решение за утврдување на персоналниот данок на доход за 2018 година.
Пресметаната разлика за доплата по Годишната даночна пријава и платените аконтации во 2018 година, даночните обврзници имаат обрска да ја платат најдоцна до 30.06.2019. Согласно законските одредби УЈП нема да носи Решение за 2018 година за пресметаниот годишен персонален данок од доход.
Граѓаните кои имаат потреба од помош при коригирањето на претпополнетите Годишни даночни пријави можат да се обратат во контакт центарот на Управата за јавни приходи на телефонските броеви 0800 33 000 (само од фиксни оператори) и 02/3253 200 (од сите оператори).
Воедно, апелираме до граѓаните кои оствариле приходи, а сеуште не се регистрирале на системот е-Персонален данок, истото да го сторат во најкраток можен рок имајќи ги предвид бројните придобивки на користењето на системот, меѓу нив и заштедата на време коешто досега даночните обврзници го губеа чекајќи во долги редици пред шалтерите и во даночните канцеларии на Управата за јавни приходи.
Изворното соопштение е достапно на веб страната на УЈП http://ujp.gov.mk/mk/javnost/soopstenija/pogledni/699
Управата за јавни приходи ја продолжува кампањата со која ги анимира граѓаните да ја исполнат својата законска обврска електронски да се регистрираат во системот е-персонален данок на доход во УЈП, најдоцна до 31 декември годинава. Членовите на Советот на Општина Битола денеска со помош на мобилен тим од Регионалната дирекција на УЈП во Битола се регистрираа на e-pdd.ujp.gov.mk, како дел од оваа кампања.