АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Иако е вообичаено за овој период од годината, сепак е вистинска атракција замрзнатата снежна покривка на Баба Планина. На надморска височина над 1900 метри, Пелистер е прекриен со кора од мраз, која се топи во кусите сончеви интервали, но потоа повторно замрзнува од студениот ветер и ниските температури. Под мраз се и Пелистерските очи
Деновиве замрзнаа Пелистерските очи, Големото и Малото езеро. Иако ова е вообичаена слика за Баба Планина во декември, која е целосно под снег, сепак , само најупорните вљубеници го освојуваат планинскиот убавец во зимските денови.