АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Долгоочекуваната зелена нафта првите земјодлеците ќе ја добијат до крајот на месецот, а овој проект влегува во завршна фаза од реализацијата. Ова денеска во Битола го најави директорот на Платежната агенција, Никола Бабовски, и рече дека на тендер е избрана компанија преку која ќе се набавува зелената нафта. Со оваа мерка државата ќе им помага на земјоделците при набавката на гориво за мехнаизацијата со тоа што ќе покрива 30 отсто од нивните трошоци. За таа намена годинава од буџетот ќе бидат потрошени 200 милиони денари, односно 3,3 милиони евра.