АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Следниот продолжен викенд за Велигеденските празници најверојатно ќе биде со уште порестриктивни мерки.Министерот за здравство Венко Филипче, на видеосесијата денеска рече дека Владата утре ќе одлучува дали карантинот ќе трае од петок попладне до вторник наутро
Во хотелот ,,Молика” на Пелистер, се прават последните подготовки за прифаќање во државен карантин на 90 нашинци кои вечерва ќе се вратат од Словенија и Хрватска.
Од ЕСМ соопштија дека лицата се очекува во текот на денот да пристигнат на скопскиот аеродром и до вечерта да бидат организирано пренесени до хотелот ,,Молика”.
„Транспортот и сместувањето ќе бидат извршени согласно протоколите на министерствата за надворешни работи, за внатрешни работи и за здравство, додека од страна на хотелот ќе бидат обезбедени сите услови за престој за периодот додека трае пропишаната изолација“, велат од ЕСМ.
На располагање на државата за овие потреби од страна на АД ЕСМ и се ставени и хотелите ,,Попова Шапка” и ,,Славија” на Попова Шапка, каде се очекува во текот на утрешниот ден да се сместат граѓани за кои беше обезбедено организирано враќање од странство и кои ќе го поминат изолациониот период во овие капацитети.