АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Општина Битола, ги известува граѓаните, дека од утре 06.10.2023, започнуваат активностите од следната фаза за изградба на колектор за одведување на фекални отпадни води од локалитет „Бегова чешма“ до Национален парк „Пелистер“, во должина од 522 метри, во вкупна вредност од 4.416.470 денари.
Изградбата на колекторскиот систем на Пелистер продолжува, а во оваа фаза се предвидува изградба 5,6 километри од мрежата, додека во следната фаза треба да бидат изградени уште 4 километри, со што комплетно ќе се заокружи колекторот во Потпелистерието, кој ќе ги зафаќа отпадните води од кои сега ги загадуваат пелистерските извори и водотеци. Минатата година за негова изградба беа вложени 6 милиони денари, а за активностите годинава издвоени се 14,5 милиони денари.
Екипи на ЈКП "Нискоградба" продолжуваат со работа на колекторскиот систем кој треба да ги собира отпадните води од Потпелистерието. Инфраструктурните работи се изведуваат во делови на потегот од Дихово па нагоре кон Бегова чешма .
Од ЈП „Нискоградба“ за Апла.мк соопштија дека прочистителната станица ќе биде сместена во близина на поранешната фарма во Дихово и ќе ги опфати сите отпадни води од Бегова чешма, па надолу се до Дихово, тоа значи од хотелот „Молика“, Детското одморалиште, доколу се стави во функција, хотелчиња, ресторани, вили во Потпелистрието, како и дел од селата во подножјето на планината.