АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Изградбата на колекторскиот систем на Пелистер продолжува, а во оваа фаза се предвидува изградба 5,6 километри од мрежата, додека во следната фаза треба да бидат изградени уште 4 километри, со што комплетно ќе се заокружи колекторот во Потпелистерието, кој ќе ги зафаќа отпадните води од кои сега ги загадуваат пелистерските извори и водотеци. Минатата година за негова изградба беа вложени 6 милиони денари, а за активностите годинава издвоени се 14,5 милиони денари.
-Тоа е сума од од над 320 илјади евра, а со овој колекторски систем ќе се надмината проблемите со фекалиите во овој крај, ќе се овозможиме заштите на животната средина но и инфраструктурни зафати кои што ќе значат сериозен развој на туризмот. Дополнително во завршна фаза е склучувањето на договорот за изведба на прочистителната станица која ќе се наоѓа во долниот дел на овој опфат кај месноста Црвени петли, а исто така планираме да продолжиме со колекторскиот систем и во иднина да го затвориме до хотелот Молика. На тој начи ќе овозможиме да не се загадауваат водите на Пелистер, но и да имаме услови какви што подразбира современиот туризам . Тоа дава сериозен инпут на економскиот развој на општината и она што во иднина ќе претставува препознатливост на атракативен туристички центар, изјави градоначалничката Наташа Петровска.
Вредноста на целиот проект е 60 милиони денари, а досега се вложени 20 милиони денари.
-Покрај колекторски систем во должина од 5,6 километри во оваа фаза се предвидува и изградба на испуст каде пречистените води ќе се испуштаат од пречистителната станица во еден отворен канал во должина од 600 метри. По завршување на оваа фаза од изградбата на колекторскиот систем и испустот, остануваат уште 4 километри за изведба, а вредноста на тој колекторски систем до спој со Детското одморалиште ќе чини околу 40 милиони денари. Со тој колектор ќе биде опфатено цело Потпелистерие, вклучително и хотел Молика како и другите објект што гравитираат околу хотелот, рече Методиј Силјановски, директор на ЈП „Нискоградба“.
Исто така, покрај овие инфраструктиуни зафати, ќе се реконструира и патото во Потпелистерието на овој потег, кој сега ево исклучително лоша состојба.
-Веќе е извршена нарачка за јавна набавака за избор на проектант на овој потег, така што, како што се затвора канализациониот систем , ќе бидеме подготвеи за реконструкција на патот кој води до Потпелистерието. Тоа подразбира реконструкција од Црвени петли до трнсфостаницата, рече градоначалничката Петровска.