
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Кога снежната покривка на Пелистер достигнува и до еден метар, прихраната е добредојдена за дивечот. Фотографите од овие срни на хранилишта е направена денеска со системот за мониторинг на крупниот дивечот во Националниот парк "Пелистер" каде во ноемви минатата година се поставени 10 фото замки на повеќе локации.
Овој викенд ски центарот Вигла во Леринско, Грција, остана без македонски скијачи. Љубителите на зимските спортови од југозападниот дел на земјава, кои беа редовни гости таму зашто на нашите ски терени немаше снег, овој пат останаа да скијат на Пелистер. Снегот кој наврна деновиве создавајќи снежна покривка од педесет сантиметри, подготвеноста на ски центрите во Нижеполе и Копанки, како и трипати поевтиниот дневен билет од оној во Грција, ги вратија туристите дома.
За фотографија на првиот ден од Новата година, ја одбравме оваа, од предавателниот пункт Антена на Пелистер, направена од група планинари, кои како што објавивме, утрово се искачија на највисокиот врв на Баба, каде го испија првото утринско кафе.
Деновиве замрзнаа Пелистерските очи, Големото и Малото езеро. Иако ова е вообичаена слика за Баба Планина во декември, која е целосно под снег, сепак , само најупорните вљубеници го освојуваат планинскиот убавец во зимските денови.