
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Околу 5 сантиметри снег наврнаа на Пелистер во текот на ноќта и утрово. На највискиот врв на планината Баба, веќе се е побелено, а врнежите престанаа попладнево, вели за апла.мк Пецо Стојчевски, вработен во предавателниот пункт Антена на Македонската радио телевизија.
Не е првпат Пелистер да побели во јуни, на крајот од пролетта, па дури и на среде лето. Вакви појави имало и во други години освен вчера кога заврна снег на Пелистер, а Апла.мк ексклузивно го објави видеото од снежната вејавица на врвот Антена снимено од Пецо Стојчевски, вработен во предавателниот пункт на Македонската радио телевизија.
Така, според напис во весникот „Битољске новине“ , а кој го пренесува професорот Александар Стерјовски во неговата книга „Записи за злосреќи“, снег паднал до подножјето на Пелистер пред 86 години, поточно на 28 мај 1933 година.
Иако летото е на прагот, тоа за непредвидливиот Пелистер ништо не значи. Веќе неколку часа врне снег, а снежни навеви имало и синоќа.
Утре Ски центарот „Копанки“ на Пелистер е домаќин на два истовремени настани „Пелистерскиот велеслалом“, традиционален алпски куп за деца од 6 до 16 години, во организација на Агенцијата за млади и спорт со техничка поддршка на Ски клубот „Пелистер“ и хуманитарниот ски - настан со мото: „Излези од маглата и дојди на О2 "во организација на Ротаракт Клуб Скопје-Центар. Двата настани почнуваат во 10 часот.