2win800x200

Директно

Судскиот процес „Транспортер” кој денеска требаше да се одржи во скопскиот Кривичен суд, пак се одложи. Овој пат не отиде обвинетата Анита Ангелевска, актуелна советничка во битолскиот Совет која била на 7-дневно боледување. Ангелевска на 4 ноември јавно на фејсбук се „чекира“ дека е на Клиничка  болница во Битола, објаснувајќи дека е болна  од астма, откако нејзини следбеници коментираа „опасна работа по здравјето е политиката “ на што таа возвраќа дека „астмата не е политика туку само дијагноза“.

На црвен тепих, денеска беше пречекана новата градоначалничка на Општина Могила, Јасмина Гулевска.По победата на вториот круг од локалните избори Гулевска и официјално ја презеде функцијата од доскорешниот градоначалник  Стево Пивковски, кој беше на чело на Општината само еден мандат. Правата жена градоначалник на Могила беше дочекана од вработените со погача.

Екс градоначалникот на Битола, Владимир Талески денеска повторно ќе седне на обвинителна клупа во скопскиот Кривичен суд каде треба да се одржи судското рочиште за случајот „Транспортер“,

Во 2013 година државата го прогласи за кодош, а откако Управниот суд го поништи решението на Комисијата за лустрација, претходната локална власт на ВМРО-ДПМНЕ пред заминување, на професорот Трајко Огненовски, му ја додели највисоката општинска награда за животно дело „4 Ноември’.

Она што е најважно во сите наши намери, тенденции, никогаш да не се заборави дека честа е поскапа од парите, порача градоначалничката Наташа Петровска во своето јавно обраќање на прослава по повод 4 –ти Ноември, Денот на ослободувањето на Битола.

Со прием во кабинетот на градоначалничката  Наташа  Петровска на претставници на Сојузот на борци од Битола, почнаа денешните активности за одбележување на 4 Ноември, Денот на ослободувањето на градот.

По капитулацијата на Бугарија, продолжувајќи ја борбата против германските единици што се повлекувале од Грција кон Албанја и Србија, борците на 49. дивизија на НОВ и ПО на Македонија, во чии рамки влегувале борците од Седмата битолска бригада, Битолско-преспанскиот партизански одред, а нешто подоцна и борците на Леринско-костурската бригада, уште позасиелно ги напаѓале германските колони и им нанесувале тешки загуби во луѓе и техника.

Фотографии од работни простории во Фабриката за опрема и делови (ФОД) во Битолско кои се исполепени со вмровски симболи- лавови, беа испратени до редакцијата на Апла.мк. Испраќачите посочија дека симболите се изложени во вид на амблеми, постери и резбарии во работилницата кај шефовите. Реагираат дека ова е фабрика, а не  партиски штаб и дека на ова место влегуваат и вработени со друга политичка припадност, па во ред е да се отстранат.  

Улицата „Широка“ на битолскиот Баир, повеќе од една година е раскопана, со искршен асфалт и ивичници, иако таа  е улицата со чие асфалтирање прво се пофали бившиот градоначалник Владимир Талески откако излезе од куќниот притвор, осомничен за криминал со бесплатниот школски  превоз тежок 360 000 евра.

Градоначалничката Наташа Петровска, вечерва,  најави скромна прослава за роденденот на Битола, а дел од средствата предвидени за таа намена ќе бидат пренаменети во други цели. Но, сепак таа посочи дека општината има и изненадување за битолачани.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани