АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Кој дозволи битолчанец од улицата Смилевски конгрес и околните јавни зелени површина да прави авто плац за продажба на половни автомобили, се жалат жители од околните згради и бараат интервенција од Општина Битола .
Станарите од зградите на оваа улица реагираат дека десетици автомобили, извесен период наназад се паркирани на асфалтот на улица Смилевски Конгрес и на зелените површини околу зградите, што најверојано служат за продажба. Бараат од комуналната инспекција во општина Битола да постапува и да го расчисти узурпираниот простор, зошто им е одземен секој празен простор за паркирање, а згора на тоа се уништува и зелената површина паркирани под сенките од дрвјата. Битолчани велат сето ова дотолку повеќе што Општината најави расчистување на гаражите и времените објекти во градот.