2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

БИТОЛЧАНКАТА ГОРДАНА ТАКЕЦ ВО НОВАТА КНИГА ИДРИЗОВО ГО СПОРЕДИ СО ВИЕТНАМ

Јули 22, 2018

Битолчанката Гордана Такец, поранешен адвокат и професор на факултет, горкото искуство од одлежувањето на затворската казна од две години и осум месеци во затворот Идризово го опиша во романот „Како го преживеав Виетнам“ што неодамна излезе од печат. Таа е меѓу ретките лица кои смогнале сила и искреност јавно да проговорат за периодот од животот додека биле затвореници. Покрај личната судбина, во романот ги опишува и животните приказни на останатите заробенички со кои се сретнала во затворот, и тоа, од 18 годишни жени до 88 годишната баба Цена осудена за одгледување канабис.  

 

„Виетнам асоцира на нешто многу страшно, трагично, лошо, непремостливо и апсурдно. Како што беше за целиот свет Виетнам апсурден, а за Американците нормален, така мојот слуачј за судиите беше нормален, а за мене беше нешто што морав да го поминам, а не требаше. Ми го програмираа животот, да не речам дека ме наместија, направија многу лица од областа на правото кариера на моја сметка, јас тоа го преживеав. Ме осудија за злоупотреба во факултетот на кој му донесов 1 350 000 евра, а од тие пари потрошив само 16 000 евра да го опремам, да го направам велелепна зграда со реноме. Сега судиот во Стразбур вели дека имаше неправедно судење“, раскажува Такец.

Во романот затворот кој го нарекува Виетнам е опишан со мувлосани ѕидови, каде во менито во затворскиот казан три пати во неделата се готвела компир манџа со кожа од батаци, а местото го јаделе други. До зборот јадење става равенство со терминот помија.

Ги опишува и апсудите со кои се соочила. Таа да не биде помилувана зашто како правник почнала да им помага на затвореничките пишувајќи им бесплатно молби, поплаки, па дури и барања до Стразбур, а за три месеци друга жена да излезе од затворот иако била осудена за кражба на 570 000 евра.

„Апсурдот го има. Ако на овој свет и во оваа сфера каде што опстојуваме има неправди, во Идризово неправдите се толку очигледни. Таму црна овца е интелектуалката, убиците и проститутките се заштитени. Јас работев во кујна се случуваше дневно да измијам по 300 до 400 садови, а бев со опериран колк, во возрасни години“, вели писателката.

Битолскиот адвокат Никола Главинче на промоцијата на книгата рече дека таа е придружно учебно помагало кое слободно може да се препорача на студиите на Правниот факултет.

„Во книгата се кажуваат и апсурдности на нашиот правен систем кои би требало да отворат пошироки дебати во научната и општата јавност , од аспект на тоа дека луѓето кои се обвинети и осудени за убиство имаат многу помали казни и многу полесно врват од оние кои се осудени за измама и кражба. Овој роман е еден повик до надлежните сериозно да пристапат кон анализа на таквите состојби“, рече Главинче.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани