2win800x200

Битолчани продолжуваат со срамното паркирање

Август 03, 2018

На Булеварот 1 Мај,  над  Црн мост, несовесен возач го паркирал камионот на пешачкиот премин, и го оставил неколку часа, реагираат жители од оваа населба кои со бебешки колички и мали деца морале да го заобиколуваа и да се изложуваат на опасност од автомобилите на коловозот.

Срамното паркирање во Битола продолжува како во центарот на градот, туку и на периферните населби.

Во декември лани битолчани фотографираат возачи кои прават сообраќајни прекршоци низ градот и ги објавуваат во албумот „Битолски сообраќаен срам“ на фејсбук страницата „Битола на точак“, иницијатива која се залагаше  граѓаните повеќе да користат велосипеди отколку автомобили. Но, очигледно тоа не вроди со плод, не ги засрами несовесните возачи.

 

Јавниот простор  наменет за граѓаните  и натаму се дизајнира по мерка на возачите .

Виктор Илиев од „Битола на точак“ во неколку наврати реагираше дека улиците се шират, а тротоарите се скратуваат. Паркинзи се креираат на самите улици од десната страна, а се затвора дел од улицата. Забелешките на граѓаните се дека оваа ситуација е ваква зошто полицијата не ги казнува несовесните возачи.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани