Пијани малолетници после полноќ затекна полицијата во угостителски објект во Битола

Декември 10, 2023

На 10.12.2023 во периодот од 00.00 до 04.00 часот, полициски службеници од СВР Битола спроведоа акциска контрола на подрачјето на Битола за присуство на малолетни лица во угостителските објекти во Битола. При контролата во угостителски објект лоциран на Градското шеталиште биле затекнати две малолетни лица после 24 часот, од кои едното било под дејство на алкохол. Малолетниците се предадени на родителите, а по документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани