ЈП Паркинзи соопштува - Изминатите 60 дена се дружевме со лизгалиштето поставено на плоштадот Магнолија. Илијадници посетители се стекнуваа со нови вештини, а некои од нив ги обновуваа. Сепак од вечерва го затвораме лизгалиштето до наредната прилика.
Со тоа се затвора и последната од многуте активности на оваа Зимска приказна која оваа година понуди се за сите.
Објектот ќе остане на место неколку дена додека акумулираниот мраз безбедно не се растопи.